|
За конектирање
Counter Strike 1.6 серверите на Инел
Интернационал потребно е прво на вашиот компјутер да ја имате
инсталирано играта Counter Strike 1.6. За
нејзина инсталација потребни ви се следниве фајлови:
-Counter-Strike
1.6 NOSTEAM & NO-CDKEY
-cs16patch_full_V22
-sXeInjected
( превземи тука )
Или истите може да ги превземете од нашиот
FTP сервер.
Прво се инсталира самата игра т.е. фајлот
Counter-Strike 1.6 NOSTEAM &
NO-CDKEY а потоа во истата папка каде што
сте ја инсталирале играта се копира и се активира фајлот
cs16patch_full_V22.
На крај се инсталира програмата
sXeInjected, која треба да ја активирате пред секое
вклучување на играта Counter Strike 1.6 и
во неа да ја одберете опцијата Update.
По ова на десктопот ќе имате 2 икони:
-Counter
Strike 1.6
-Counter
Strike 1.6 Non Steam
За пристап до серверите на Инел Интернационал
треба да ја активирате втората икона т.е. Counter
Strike 1.6 Non Steam.
По нејзино активирање се појавува следниот
прозорец на кој треба да ја одберете опцијата Find
Servers:

По одбирањето на опцијата Find Servers
се отвара нов прозорец во кој треба да ја
одберете опцијата Favorites:

За подесување на
серверите на Инел Интернационал се избира опцијата Add
Server и се внесува адресата на серверот.
Моментално Инел Интернационал хостира 3 сервери:
-"Inel Local Game Server 1"
со адреса: 62.162.150.227:27015
-"Inel Local Game Fy Maps"
со адреса: 62.162.150.227:27016
па затоа постапката
Add Server треба да се повтори 2 пати за
да се внесат адресите на двата сервери:


После коректно
внесување на адресите серверите треба да се појават под
Favorites. Го бирате серверот на кој сакате да
играте и влегувате во играта со одбирање на опцијата
Connect:

Пријатна забава!
|